речник контакт

Кој гласаше за нас на Евровизија, кој не заборави?

Иако се натпреварува од 2008-та, Азербејџан славеше на Евровизија.Како изгледа листата на земји кои во полуфиналето ја поддржаа Македонија и Влатко Илиевски со неговата Русинка а кого ние ги дарувавме со гласови.

Петар Печков




Откако Азербејџан победи  и се радува, догодина Песната на Евровизија ќе се одржи во Баку, се отворија листите од двете полуфинални вечери. Сега е јасно дека Македонија од 19 земји се најде на 16-тото место  на втората полуфинална вечер со 36 поени. Или севкупно од двете полуфинални вечери Македонија го зазема  36-тото место. 

Еве кој колку поени ни даде тогаш:  10  БиХ, 8 Словенија, по 7 ни дадоа Украина и Белорусија, 3  Израел и 1 Молдавија. На полуфиналето  Македонија вака гласаше 12 за БиХ, 10 Словенија, 8 за Белорусија, 7 за Израел, 6 за Украина, 5 за Молдавија, 4 за Романија ( која секогаш не заборава), 3 за Словачка, 2 за Шведска и 1 поен за Бугарија ( која нас не прескокна).

Во финалето повторно максимум 12  дадовме на БиХ, 10 на Словенија 8 на Србија и т.н.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »